НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За 27 години само 4 бебиња во петти месец на бременост преживеале

0
By Менче Атанасова Точи on April 18, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Клиниката за гинекологија бараат од Министерството за здравство при водењето на евиденција смртноста да се заведува од 25 гестациска недела, односно во шестиот месец од бременост  бидејќи помалите тешко преживуваат

Бебе родено во 23 гестациска недела, односно во петиот месец од бременост, веќе два месеца се бори да преживее на Клиниката за Гинекологија.  Лекарите од Гинекологија велат дека веќе стигнало до тежина од еден килограм и со сите сили и знаење се трудат да го одржат во живот.

Ова предвреме родено бебе е едно од ретките кои се одржало во живот толку време. На Клиниката за детски болести до сега успеале да преживеат само четири бебиња родени во 25 гестациска недела, односно во шестиот месец од бременост.

Неразвиените органи, малата родилна тежина или инфекциите кај мајката се причина што овие бебиња најчесто не преживуваат.   Македонија во 2015 година ги прифатила стандардите на СЗО, според кои секое бебе родено од 22 гестациска недела,  а е потешко од 500 грама се смета за новороденче. Доколку живее и една минута, тоа влегува во црната статистика на смртност на новороденчиња.

„ Бебе со 22 гестациска недела е всушност родено во петтиот месец на бременост. Не постои инкубатор што може да го спаси. Тие предвреме родени бебиња имаат неразвиени органи, мала родилна тежина, а мал број од нив се и со аномалии. За 27 години постоење на одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести досега преживеале само 4 бебиња родени во 25 гестациска недела, односно предвреме родени во шестиот месец од бременост“, изјави др. Лилјана Којиќ, раководител на одделот на интензивна нега на недоносени новороденчиња на Клиниката за гинекологија.

Таа објасни дека пред 2015 година ваквите случаи се третирале како абортуси, а најдобра стапка на преживување има кај бебињата родени од 28 недела, но не е занемарлива и кај тие после 25 недела.

За разлика од нас, Бугарија и Србија не ги прифатиле препораките на СЗО и за новороденче го сметаат секое бебе родено над 24 гестациска недела.

На Клиниката за гинекологија 800 мајки годишно носат на свет предвремено родени бебиња.

„Најчеста причина е високиот крвен притисок кај мајката, вродените аномалии во матката што доведува до мала родилна тежина и инфекциите кај мајката. Дури во свет, инфекциите се застапени со 40 проценти во предвремените раѓања“, изјави др.Горан Кочовски раководител на родилните сали на Клиниката за гинекологија.

Тој смета детекцијата на инфекцијата преку микробиолошките брисеви не е прецизна и посочи на сет мерки кои меѓу кои е издвојувањето на ризичните бремености. Кочовски нагласи дека се во фаза на изработка на клиничко упатство за најдобар начин за рана детекција на ризични бремености.

И Елизабета Зизовска, реководител на одделот на доносени новороденчиња на Клиниката за гинекологија посочи дека не сите земји ја земаат дефиниција на СЗО кога станува збор за пресметување на стапката на смртност кај доенчиња.

„Мора да се разбие стравот дека на Клиника за гинекологија се умира. Треба да се каже и дека во смртноста на оваа клиника влегуваат се пресметуваат сите починати новороденчиња во родилишта во земјава бидејќи тука се праќаат сите предвремени и ризични породувања, рече др.Елизабета Зисовска, раководител на одделот на доносени новороденчиња на Клиниката за гинекологија.

Како што веќе објави НОВА, Клиниката за гинекологија ќе бара од Министерството за здравство при водењето на евиденција смртноста да се заведува од 25 гестациска недела, односно во шестиот месец од бременост  бидејќи помалите тешко преживуваат.

Тие веќе имале состанок со министерот за здравство Венко Филипче и со заменикот Гоце Чакаровски за овој проблем.

Од Гинекологија нагласија работат на подобрување на условите за преживување на предвремено родените деца, а во насока на овие напори покрај набавката на нови инкубатори и друга опрема.

Од почетокот на мај на Клиниката ќе се вработат 20 медицинските сестри, пет педијатри и пет анастезиолози кои се уште специјализираат бидејќи има дефицит од овој кадар, а донесен е и нов лек кој го одложува предвременото породување.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.