За шест минути распродадени се 50.000 карти за концертот на легендарните AC/DC кој ќе се одржи на 5.јуни 2015 на стадионот во Цирих.
Последниот од досегашните 17 концерти во Швајцарија на австралискиот бенд беше во 2010 година.
На репертоар следната година имаат 20 концерти, а почнуваат од Холандија во мај.
AC/DC се една од најголемите атракции кога станува збор за концерти, а нивниот албум „Back in Black“ е еден од најпродаваните на сите времиња.