Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Ахмети протестите се демократија, за Тачи орелот и крстот се провокација

0
By Нова ТВ on March 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 3, 2016 13:47

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија Брајан Хојт Ји, кој денеска престојува во посета на Република Македонија, претпладнето во Американската амбасада имаше одделни средби со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

– Се согласивме дека овие избори мора да бидат кредибилни, да не бидат оспорени од ниту една страна, да ги исполнат сите стандарди и да не бидат оспорени ниту локално, ниту меѓународно. Разговаравме и за чекорите кои Македонија ќе треба да ги преземе во правец на ангажманите што ни претстојат за Самитот на НАТО во јули за да имаме поголеми очекувања, изјави Ахмети по средбата.

Како што рече, не било разговарано околу повторно поместување на изборите, туку за исполнување на задачите од страна на сите институции како што се политичките партии, ДИК и други, изборите да бидат кредибилни, а политичките партии, подвлече, да си ја работат својата работа, да нема притисок и заплашување кон гласачите.

Ахмети додаде дека очекува кредибилни избори и дека тоа ќе бидат најмониторирани избори во Република Македонија од нејзината независност.

На новинарско прашање, дали треба да се исполнат сите услови вклучувајќи го и договорот за медиумите, Ахмети нагласи дека се разговара околу многу прашања, а САД, како што рече, беа и остануваат наши пријатели – помагаа во минатото, помагаат и сега.

За тоа дали ќе се појави и кој е неговиот став за тоа што е повикан денеска во СЈО во врска со случајот „Космос“, Ахмети одговори дека за тоа „ќе разговара таму“.

Протестите најавени од ДУИ за денеска, за лидерот на оваа партија Ахмети се „столб на демократијата“.

Лидерот на ДПА Тачи по средбата со Хојт Ји рече дека конкретната порака е дека САД се најголемиот поддржувач и сојузник на Македонија, но треба да сфатиме оти ние треба на нив да им дадеме силен аргумент за тие да се борат што побрзо да станеме членка на НАТО. Нема посилен аргумент, вели Тачи, од придонесот претстојните избори да бидат фер и демократски и да се исполнат условите предвидени од договорите од 2 јуни и 15 јули.

– Од моја страна имаше скептицизам дека уште не е ништо направено за да се подобрат условите. Ние како ДПА ќе продолжиме да даваме конструктивен придонес во овој процес. Многу работи во овој процес не ми се допаѓаат, но мислам дека тоа не е толку важно бидејќи ние сме стриктно ориентирани дека Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ и друга алтернатива тука не може да функционира, изјави Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со поставувањето на крстот и споменикот – двоглав орел, Тачи рече дека граѓаните не треба да не паѓаат на тие провокации.

– Тоа е веќе видена игра на двајцата партнери секогаш пред избори да се спечали некој политички поен, а тоа не е добро. Пораката до ДУИ е дека сите овие проблеми би требало да се решаваат во институциите на системот и тука на пример да донесат одлука албанското знаме да се употреби во Парламентот, а не на улица, рече Тачи.

На прашањето дали активностите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ можат да предизвикаат подлабока безбедносна криза во земјава, лидерот на ДПА одговори дека не верува во тоа, бидејќи сме под силен мониторинг и на секој ќе му се стават поените било негативни, било позитивни и тоа мора сите да го сфатат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.