Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Алиу Македонија е изолирана – за Груевски жртва

0
By Нова ТВ on May 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот на ДПА Имер Алиу, нарекувајќи го претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов пиoн на Груевски, побара извинување од премиерот до Албанците поради неиспраќањето покана до претседателката на Косово Атифете Јахјага.

„Ја поздравувам одлуката на претседателот на Албанија, а пред се на хрватскиот претседател што го откажаа присуството на овој самит, заради непоканувањето на Косово. Во исто време, може да констатираме дека со оваа Влада постои целосно отсуство на перспектива за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО“, изјави Алиу.

Премиерот со одговор дека оваа организација е ротирачка организација. Оваа година се погоди Македонија да биде организатор.

„Организацијата има свои правила и одлуките се носат со консензус. Секоја земја има право на вето. Во овој случај две земји го блокираа предлогот претседателката на Косово да биде поканета. Тоа е проблемот зошто не беше испратена покана до Косово. Факт е дека Македонија излезе жртва. Интереси на други држави се судрија.

Инаку, ова се први пратенички прашања по инцидентот од 24 декември кога новинарите и пратениците од опозицијата беаисфрлени од пленарната сала.

Претходно Горан Мисовски од НСДП на прес конференција изјави дека пратениците на НСДП, на денешната 61-ва седница на Собранието, нема да поставуваат пратенички прашања до Владата на Република Македонија.

Според НСДП политички е неодговорно и апсурдно, да се поставувааат пратенички прашања до Влада во која сеуште седат Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, министрите кои директно командуваа со специјалните полициски сили, кои на 24-ти декември 2012 година, на насилен и брутален начин ги исфрлија пратениците и новинарите од собраниската сала.

За нив и по пет месеци од „ова противуставно и противзаконско постапување на министрите на Груевски“, сеуште никој нема сносено одговорност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.