Ако за отуство од работа до две недели, на работникот му се кратеше 20 отсто од платата, сега за истото тоа боледување се одбива 30 отсто од месечните приходи, објави Утрински весник.
Поскапеа боледувањата до 15 дена кои ги издаваат матичните лекари, а се на товар на работодавците. Така, ако порано за отсуство од работа до две недели, на работникот му се кратеше 20 отсто од платата, сега за истото тоа боледување му се одбива 30 отсто од месечните приходи, или за боледување до 15 дена се исплаќа 70 отсто од платата.
Со новите измени во општиот колективен договор што работодавците го договориле со Синдикатот и Владата кон крајот на минатата година, и веќе се применуваат во практиката, во сегментот на надоместоците за боледување до 30 дена кои се на товар на фирмата, повеќе нема 80 отсто исплата на плата, кое важеше за боледување до 15 дена. Односно најновиот колективен договор познава само 70 отсто плата за боледување до 15 дена и 90 отсто плата за боледување над 15 до 30 дена.




