Министерството за здравство и МОН веќе се во подготовка на безбедносните протоколи за почеток на учебната година во септември. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека тимовите се составени од претставници од Министерството за образование и епидемиолози од Комисијата за заштита од заразни болести.
– Се однесува на тоа децата да се присутни 100 отсто, вкупната бројка на деца во класовите, така се прават протоколите. Има мерки за дезинфекција, мерки за влез-излез, немешање на различни класови. Ми се чини дека за не повеќе од две недели протоколите ќе бидат целосно завршени, рече Филипче.
Тој додаде дека откако ќе пристигне поголемиот контингент вакцини, веднаш ќе се почне со имунизација на наставниот кадар од училиштата.