Речиси две третини од Британците веруваат дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е закана за меѓународната стабилност, а јасно мнозинство мисли дека тој ќе биде лош претседател, ова се наодите од истражувањето на јавно мислење кое го спроведе „Обзервер“ за време на неговата втора недела од претседателството.
Студијата открива дека Британците имаат исклучително негативни погледни на политиките на поделби на американскиот претседател кој веднаш по инаугурацијата потпиша низа контроверзни укази, од забраните за влез на граѓани на земјите од Блискиот исток, поддршка на тортурата, изградба на ѕид во Мексико, како и лошиот третман во односите со мексиканскиот, иранскиот и австралискиот претседател. Од Британците, 64 проценти веруваат дека тој претставува закана за меѓународната стабилност, од нив 50 проценти мислат дека е опасен, 39 проценти нестабилен и 30 проценти мислат дека е фанатик. Дополнително дури 56 процент сметаат дека на Трамп не може да му се верува.