Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За движење во шуми и летање со параглајдер, само со дозвола од ЈП „Национални шуми“

0
By Ivana on August 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 14:31

Лицата кои имаат потреба, како што се планинарите, параглајдеристите и други луѓе коишто организирано се движат во природа може да побарат дозвола за движење во планините, односно во шумите од локалните подружници на ЈП „Национални шуми“ коишто ги има во сите градови низ државата

Во Скопје оваа подружница се наоѓа во општина Аеродром. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

-Ние како Главен штаб за управување со кризи, низ разговор со ЈП „Национални шуми“ сугериравме олабавување на целосната забрана за движење во шумите. Од вчера, оваа целосна забрана не важи за физички и правни лица кога имаат итна и неопходна потреба за движење во шума по претходно издадена дозвола за движење од ЈП „Национални шуми“, појасни Ангелов.

Тој информира дека ЈП Национален парк Галичица, исто така ја има „омекнато“ оваа забрана и дава дозволи за движење во овој национален парк. 

Ангелов, исто така, соопшти дека во Јасен и на Водно забраната се уште важи поради двата активни пожари, од кои еден се провлекува веќе 15 дена и се уште не може да се изгасне. Од тие причини, како што рече, забраната за движење на Водно останува уште неколку дена. 

-Во текот на денешниот ден заседава Главниот штаб за управувавање со кризи и со заклучок ќе препорачаме дополнително олабавување на забраната за движење во природа. Во очекување сме на нови врнежи. Врнежите доколку се појават во следните денови постои можнсот за целосно укинување на оваа забрана, но се дотогаш мора да бидеме внимателни. Во практика се покажа дека зголемената свесност кај граѓаните е она што помогна да се намали бројот на пожари и координираното дејствување на нашите институции, рече Ангелов. 

Тој информира дека денреска имале средба со тројца припадници на шумските служби на САД кои доаѓаат од различни сојузни држави. Потенцира дека нивното искуство, особено нивната тактика и стратегија за нас како држава и за ЦУК може да бидат многу значајни. 

– Договоривме продолжување на оваа соработка преку праќање нивни инструктури во Македонија или одење на наши луѓе од делот на Противпожарна заштита на тренинг во Америка, рече Ангелов.

параглајдинг Планинарење Шуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.