Околу 6,4 милиони Австријци денеска имаат можност од трет обид оваа година да изберат свој претседател, а бираат меѓу Норберт Хофер и кандидатот кој го поддржа партијата на Зелените Александар ван дер Белен.
Во обложувалницата „Бет-ет-хом“ (Bet-at-Home) квотата за Хофер е 1.55, а за Ван дер Белен 2.30. Во „Мистер Грин“ (Mr. Green) е слична ситуацијата – Хофер 1.34, а Вал дер Белен 2.50.
Во „Вилијам Хил“ (William Hil), Хофер е уште поголем фаворит со квота од 1.33.
Експертите се единствени во оцената дека претседателските избори и овој пат ќе бидат одлучени во Виена.
Главна причина за тоа е дека Ван дер Белен во главниот град на Австрија, на минатото гласање, кое беше поништено, освои дури 63,3 проценти од гласовите, што овој пат, поради раздор во Социјалдемократската партија, најверојатно нема да може да го повтори резултатот.
Инаку, првиот политичар кој денес гласаше е доскорешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер, кој во 8.15 часот излезе на гласање во Виена. Тој во очи на изборите изрази уверување дека неговиот фаворит и кандидат кој го поддржува, Ван дел Белен, ќе биде негов наследник.