Министерката Гордана Јанкуловска го прескокнала Советот на Општина Ѓорче Петров и самата именувала командир во полициската станица, објави Снежана Ангелковска Трајковска, координаторка на советничка група на СДСМ во Ѓорче Петров.
– Јанкуловска постапила спротивно на законот. Изборот на командирот е под надлежност на Советот на општината. До Советот Јанкуловска требала да достави листа од тројца кандидати а изборот да го направи самиот Совет.
– Во овој случај, министерката Јанкуловска воопшто не предложила листа до Советот. Ниту Советот на општина Ѓорче Петров не изгласал командир.
– Скандалот се обелодени денеска кога лицето Горан Однакозов, се појави пред Советот како командир на полициската станица да го презентира Извештајот за работата во 2013 година.
Советничката група на СДСМ укажала на кршењето на Законот од страна на МВР но, мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ ова го игнорираше и Извештајот на незаконски поставениот командир поминал.




