Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За културното наследство се грижи и Комуналец

0
By Сашка Цветковска on January 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 18, 2013 18:55


И покрај објаснувањата од надлежните дека муралите биле современо дело па затоа не се заштитиле, познавачит велат дека тоа било бесмислица и дека управата за заштита на културно наследство навреме требала да се погрижи за вреднување, а потоа и надзор околу начинот на кој Пошта се грижела за ова вредно дело. Поранешниот директор на управата за културно наследство, Јован Ристов, објаснува дека тоа е клучната грешка.

“Требало да постапува надлежната институција од Скопје, конзерваторскиот центар, да направи идентификација, односно да го евидентира тоа дело ако не било евидентирано, да го документира и да направи валоризација, стручна, научна и да се утврди јавниот интерес од страна на Владата и Управата за заштита на културно наследство да донесе решение за прогласување на таа недвижност за културно наследство. Тоа во случајов не е направено и немате правна основа да иницирате и инспекциски и било какви други мерки и да барате одговорност по основ на заштита на културно наследство затоа што тоа не било како такво идентификувано и вреднувано.”

Но не се само муралите. Вреднување на недвижното културно наследство речиси и да нема, а уште помалку соодветна грижа. На пример, за мозаиците на Глигор Чемерски во Кичево се грижеле комунални редари, наместо заводот. Захаринка Алексовска Бачева, претседалка на македонскиот национален комитет на ИКОМ (меѓународниот совет на музеите), вели дека од нејзините досегашни увиди често се запрепастувала од начините на кои се води грижата за недвижното културно наследство.

“Скоро имавме советување во Кочани и споменикот таму кој што е изработен од нашиот врвен академик Глигор Чемерски, негови мозаици, состојбата нивна, на самите мозаици е во ред, меѓутоа еден таков објект подразбира грижа за околината негова, бидејќи тоа е архитектонско и ликовно решение. Е сега кога зборуваме за тоа, состојбата е страшна. Кога ги прашав колегите кој се грижи за тој споменик, тие ми одговорија – комуналните служби на градот”, раскажува Алексовска Бачева.

Друг проблем кој го отвори случајот со муралите е и можноста за осигурување на вредните дела. Во медиумите се појавија наслови дека освен поштата, не биле осигурани ниту муралите на Лазески. Но, Пошта и да сакала, не би можела да ги осигура муралите, бидејќи во државата нема проценители, а осигурителните компании не осигурувале без лиценцирани проценители. Вредни експонати во македонските музеи како на пример Адам од Говрлево не можат да се осигураат. Домашни проценители нема, а странските се скапи. Директорката на музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова, вели дека таа и да сака, ниту може ниту има средства да го стори тоа.

“Проценката, кога говориме за материјалната вредност на овие експонати, во никој случај не може да ја прават кустосите и потребна е една активност за во Македонија конечно да почнат да функционираат сертифицирани проценители”, вели директорката Кондијанова.
Ниту има проценители, ниту има средства, а нема ни грижа и соодветна евиденција. Ќе бидат ли муралите на Лазески лекција? Засега културното богатство на земјава чека подобри времиња и поголеми буџети од министерството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.