Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За некои лудост, за други забава – Покемон го освојува светот

1
By Нова ТВ on July 14, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Играта Покемон ГОУ (Pokemon GO), која стана глобален хит, засенувајќи некои од најпопуларните апликации на мобилните телефони, денеска е пуштена во употреба и во Велика Британија. Досега играта беше достапна во САД, Австралија и Германија.

Оваа иновација досега и донесе заработка од неколку милиони долари на јапонската компанија „Нинтендо“.

Како се игра

pokemon2Преку апликацијата, играчите следат реални мапи користејќи ја GPS локацијата на телефонот и на различни места во местата каде што се движат ги фаќаат покемоните и ги тренираат за битка.

Секој покемон кој ќе заврши во телефонот на оној кој го фатил може да го користи во битка со друг играч или во виртуелна борба.

Креаторите на играта Ниантик и Покемон компанијата ги отфрлаат сите искази на загриженост за приватноста на играчите и велат, целта на играта е едноставно луѓето “да си поминат фантастично“.

Интересни факти за Ловците на покемони низ светот

– Жена во Америка пронашла труп на починат додека барала еден од своите покемони близу река која пак била близу нејзиниот дом. Го пријавила случајот во полиција, со што им помогнала на службите.

– Четворица кои ја користеле играта за да ги наведат играчите на изолирани места, се уапсени бидејќи го правеле тоа со цел да ги ограбат. Поради ова се огласија и креаторите на играта кои порачаа дека играчите треба да бидат претпазливи и да играат со луѓе кои ги познаваат.

pokemon3

– Играта за малку ќе ја земеше и првата жртва во Њујорк во вторникот, кога возач на автомобил скршнал од патот по кој возел обидувајќи се да фати покемон по што удрил во дрво.

– Низ светот медиумите постојано пишуваат и за други случаи кога луѓе се повредиле за време на играта бидејќи не внимавале на реалноста пред себе додека ја следеле мапата по која ловат.

Предупредувањето кое играчите го добиваат кога ја инсталираат играта
Предупредувањето кое играчите го добиваат кога ја инсталираат играта

Нинтендо на големо се потпира на своите игри. Најпопуларната нивна игра, култната Супер Марио е последната која им донела голема заработка, и често беа критикувани поради некреативноста на пазарот во време кога технологијата со смартфоните постојано се развива.

Сепак, по оваа идеја, акциите на Нинтендо значајно пораснаа со што сегашната вредност на Нинтендо е 34 милијарди долари, што е за нешто над 50 отсто пораст на вредноста по објавувањето на играта.

Pokemon GO игра Нинтендо Покемон смартфон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.