Каталонците ја потрвдија својата желба за независност од Шпанија, формирајќи човечки синџир долг 400 километри.
Во формирањето на синџирот учествувале околу 400.000 луѓе со цел да им се изрази локална поддршка на политичките напори на каталонските власти за отцепување на покраината од Шпанија.
Според резултатите од последното истражување на јавното мнение, 52 отсто Каталонците сакаат независност од Шпанија, за 80,5 отсто се за одржување на референдум за суверенитет.
Претседателот на шпанската влада Маријано Рахој и претседателот на Каталонија, Артур Мас изјавија дека се подготвени за разговори со кои што би се ставил крај на една година долгото спорење околу поголемите овластувања за регионот во даночната политика.