Синоќа при зајакната контрола на сообраќајната полиција во периодот меѓу 18.00 и 02.00 часот казнети се 65 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.

Од нив, информираа денеска од МВР, 20 се на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола. 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од Министерството за внатрешни работи.