Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За поддршка на вработувањата обезбедени 1,1 милијарди денари

0
By Нова ТВ on November 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 17, 2018 15:47

Владата во Предлог буџетот за наредната година издвои  1,1 милијарди денари за зголемување на вработливоста  и поддршка на вработувањата  во земјава, информира на денешната прес конференција во Велес министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа соопшти дека се готови 91 процент од оперативниот план за следната година, на кој заеднички работи тим на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) заедно со Агенцијата за вработување, Фондот за иновации, стопанските комори и Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓуше, во изминатите денови на заедничка средба во Велес.

– Се обидуваме да креираме план кој ќе може да ја зголеми вработливоста кај граѓаните, а од друга страна и да му помогне на бизнис секторот да има поголема апсорција на оние кои што ќе се подготват да бидат вработени во нивните фирми. Сето тоа затоа што поврзувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд е детектирана како најголем проблем во изминатите две години. Како Влада сакаме да го надминеме тоа, и  навистина да понудиме она што му е потребно на општеството, со цел  поголем економски раст и развој – нагласи Царевска.

Таа појасни дека изминатата година планот бил одличен, а во следната година креираат мерки кои што ќе бидат и иновативни и ќе дадат директно ефект во можноста фирмите да ги апсорбираат тие што тие ги подготвуваат за пазарот на труд.

Министерката Царовска нагласи дека  очекуваат добри резултати, а  затоа тоа го прават со заеднички ангажман на сите инволвирани за решавање на проблемот со вработувањето.

Директорката на агенцијата за вработување Билјана Јовановска, појасни дека Агенцијата како институција која ги применува мерките за вработување во текот на годинава имала дирекни контакти со невработените и работодавачите со согледување на нивните потреби и барања.

– Црпејќи го искуството од оваа година од терен во делот на предлозите и сугестиите и критиките од невработените и работодавачите на терен , тенденцијата и намерата ни е во 2019 оперативниот план да го приближиме уште повеќе кон нивните барања и потреби. До овој момент реализацијата на оперативниот план е околу 91 процент, што значи дека е висок степенот на реализација – појасни Јавановска.

Таа нагласи дека тука не запираат бидејќи во тек се потпишување на договори, за активните мерки и политики за вработување, се подготвуваат и исплати и очекуваат негова комплетна реализација  на активните мерки и во финансискиот и во опфатот на корисници со 100 проценти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.