Како што информира МВР, од нив 34 биле казнети на територијата на Битола, 39 на територијата на Прилеп, а 13 на територијата на Ресен.
Полициски службеници денеска во периодот од 12 до 18 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 98 возачи.
Како што информира МВР, од нив 34 биле казнети на територијата на Битола, 39 на територијата на Прилеп, а 13 на територијата на Ресен.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.