Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За првпат откако е изградена „8 Септември“над 80 пациенти да се на кислородна поддршка

0
By Менче Атанасова Точи on June 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2020 20:10

Над 80 од вкупно 113 пациенти со Ковид-19 во ГОБ„8 Септември“, се ставени на кислородна поддршка. Ова е прпат во историјата на болницата од како е создадена како воена, толкав број на пациенти да се ставени на кислород во исто време, вели за НОВА, проф.др. Христија Костов директор на болницата која од 16 март е претворена во Ковид центар. Поради напливот од нови пациенти се отвораат нови оддели. Досега осум одели се ставени на располагање на Ковид центарот.

„ Никогаш досега во историја на болницата немало толку пациенти на кислодна поддршка. Но, не се жалиме, мора да биде така иако медицинскиот кадар е преморен. До денес има 113 позитивни пациенти, но постојано доаѓаат нови заболени. Како Ковид центар правиме реорганизација постојано, отвораме нови оддели, еве досега имаме осум оддели, а до пред некој ден беа шест. Од денес на располагање ни се и 10 лекари и 16 медицински сестри од болници во внатрешноста“, изјави за НОВА, Костов.

Болницата се полни со нови заболени пациенти, па ноќеска во доцните часови шест пациенти кои биле негативни на Ковид се префрлени на Институтот за ТБЦ во Клиничкиот центар.

Во последното деноноќие таму се примени 14 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент. Во болницата позитивни на коронавирусот се двајца анестезиолози и двајца интернисти, а околу 15 други кои се во изолација за два дена треба да се вратат на работа.

Ковид центарот во ГОБ „8 Септември“е единствен во државата. Тука се хоспитализираат најтешко болните, исто како и на Инфективна клиника,но таму повеќе пациентите не се ставаат на респираторни машини. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема прием на нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 95 пациенти, што значи капациетот е скоро пополнет.

На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Министерот Филипе најави дека ќе се стави во функција мобилната болница која располага со 70 кревети и е тријажен центар, каде што лекарите ќе ротираат.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.