Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За првпат трансплантиран лигамент од починат донор на Клиниката за oртопедски болести

0
By НОВА ТВ Balaban on January 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 28, 2022 11:37

На Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за Ортопедија  ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски,  заедно со неговиот тим од клиниката.

–  Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Ревизијата се направи со графт од починат донор. Пациентот постоперативно се чувствува одлично и пред него е период на рехабилитација – вели д-р Алан Андоновски, хирург од Клиниката за ортопедија кој долги години работи во делот на мекоткивната ортопедска хирургија.

Ова е деветта трансплантација од починат донор во последните десет месеци на Клиниката за Ортопедија. Од почетокот на 2021 година на Клиниката е  возобновена и Банката за коскени ткива каде се чуваат експлантираните графтови.

–  По првата експлантација што ја направи тимот од Клиниката на 17 април минатата година, до денес се направени пет експлантации и девет трансплантаци на коскено и меко ткиво. На пет пациенти со малигна болест им беше трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значтелно им се подобри нивниот квалитет на живот, а денес за прв пат трансплантиравме и мекоткивен графт односно лигамент кај млад пациент со сериозна повреда.  Благодарност до сите колеги од клиниката кои го препознаа значењето на трансплантацијата во третманот на ортопедските болести. За нашите пациенти ова поглавје ќе отвори можност за нови методи на хируршко лекување – вели  д-р Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ Скопје, во чиј состав е Клиниката за oртопедија.

Инаку повредата на меките ткива, лигаментите и тетивите е многу честа кај младите лица, особено кај активните спортисти. Само успешен оперативен третман може да гарантира враќање кон редовните спoртски активности. Со отварање на можноста на мекоткивна трансплантација со графт од починат донор, се исклучува прекасата да се земе тетива од здравата нога и со тоа значително се подобрува квалитетот на живот на пациентот.

–  Со првата употреба на мекоткивен графт на нашата клиника започнуваме со ново поглавје во реконструктивната ортопедска хирургија. Се надевам дека по оваа процедура ќе се отворат повеќе опции за употреба на мекоткивните графтови во нашата секојдневна пракса –  вели др Милена Богојевска Доксевска, болнички координатор на Клиниката за oртопедија.

Во 2021 година во земјава се направени девет експлантации од починат донор и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива. Минатата недела беше направена и првата трансплантација од починат донор годинава. Двајца пациенти добија бубрези, а кај млад пацинет беше трансплантирано срце.

–     Мило ми е што оваа трансплантација на Клиниката за Ортопедија се случи само неколку дена по првата експлантација од починат донор  годинава, која се направи минатиот петок.  По одлуката на едно храбро семејство да ги донираат органите од својот близок, во саботата наутро беа направени три трансплантации, две на бубрези и една на срце. Би сакала уште еднаш да се заблагодарам јавно на семејството кое со својата добрина и хуманост спаси најмалку три животи. Пациентите кои добија орган се во стабилна состојба и се опоравуваат полека на Клиниката за Урологија и на Клиниката за Кардиохирургија – вели д-р Маја Мојсова Мијовска, Национален координинатор за трансплантација.

(FOTO Klinika za ortopedski bolesti )

 

Алан Андоновски донор лигамент мекоткивен графт трансплантиран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.