Пратениците гласаа полицајците и на инспекторите на управата за јавни приходи да ги казнуваат граѓаните ако ги затекнат со цигара на место каде што пушењето е забрането.
Казните кои покрај полицајците, испекторите на УЈП, можат да ги изречат и инспекторите на трудовиот, здравствениот и трудовиот инспекторат се движат од 150 до 300 евра.
Опозицијата се спротивстави, велејќи дека власта е немоќна да се справи со растечкиот број на пушачи и затоа ги заплашува со нови казни, кои од друга страна ќе го полнат буџетот,
Владејачкото мнозинство вели дека единствена цел на измените е дополнително да се заштити здравјето на граѓаните.
Аргументот на опозицијата беше дека не постојат анализи за позитивните ефекти од досегашната примена на овој закон. Пратениците од власта силно се залагаат за законот, бидејќи според нив, пушењето е главен причинител на малигните заболувања.




