Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За само 100 дена издадени осум решенија за​ отворање на нови градинки 

0
By Соња Крамарска on May 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 5, 2022 10:45

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на вчерашната посета на Пробиштип, рече дека само за 100 дена се издадени осум решенија за отворање на нови детски градинки.

„За Владата и Министерството за труд и социјална политика, вложувањето во раниот детски развој е приоритет. Тоа го потврдуваат 69 детски градинки отворени од 2017 година до денес и опфат на околу 4.300 деца. До крајот на 2022 година, предвидено е отворање на нови 13 градинки со вкупен капацитет за 1.360 деца, а 15 градинки кои се во тек,  се  планирани да се отворат во 2023 година со вкупен капацитет за 1.905 деца. За 100 дена од оваа Влада издадени се 8 решенија за отворање на нови детски градинки,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека покрај капиталните инвестиции, Министерството инвестира и  во предучилишното згрижување и воспитание преку зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во нив.

Министерката присуствуваше на одбележување на патрониот празник на образовната установа „Гоце Делчев“, во чии рамки функционираат 4 детски градинки со вкупен капацитет од околу 420 деца.  Таа притоа рече дека со доградбата на детската градинка на објектот Срничка, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, опфатот на деца во процесот на згрижување и воспитание е зголемен за дополнителни 74 деца. Со ова бројката на деца од досегашните 125 се  зголемува на околу 200 деца. Овој дел од објектот треба да биде достапен за нови деца веќе од септември оваа година.

детски градинки Пробиштип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.