Во текот на вчерашниот ден во 18,55 часот, на ул. „Алија Авдовиќ“, во автобус бр. 65 на ЈСП, на автобуската постојка во близина на црквата во с.Сингелиќ влегле 10-15 непознати лица маскирани со шалови и без повод и причина со метални шипки нападнале повеќе патници.
По ова, сторителите при излегување од автобусот се обиделе да извлечат едно малолетно лице од автобусот но не успеале. МВР презема мерки за откривање на сторителите.
Од шестте лица кои во инцидентот се здобиле со повреди, две деца биле примени во Ургентниот центар во Скопје, од каде биле пуштени на домашно лекување. Едно 14-годишно девојче било примено во Градската болница, со контузија на главата, но и тоа е пуштено дома.
Истиот ден околу 13,00 часот, на ул. „Трета Македосна Бригада“ на автобуска постојка во автобус бр. 33 на ЈСП, околу 15 ученици без повод и причина физички го нападнале М.С.(17) удирајќи го со тупаници по телото, притоа нанесувајќи му видливи повреди, заради што му е укажана лекарска помош во “Св. Наум Охридски”. МВР работи на откривање на сторителот.
Вчера, на автобуската постојка на бул. „Борис Трајковски“, без повод и причина непознато лице физички ги нападнало Б.М.(16) и Ф.К.(16), нанесувајќи им видливи повреди. И овој инцидент се уште не е расчистен.




