Апелација пресече на Здравко Савески и на Владимир Куновски им досуди условни затворски казна од по 6 месеци доколку се повтори истото дело во рок од 5 години, за демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за време на „Шарената револуција“ пред 6 години.
Кривичното дело за кое се товареа двајцата беше учество во толпа што ќе стори кривично дело. По две ослободителни пресуди од пониските судови, кои ги укина апелација, денеска судот ги казни на 6 месеци условна затворска казна, која нема да се спроведе доколку во наредните 5 години не сторат ново кривично дел и надомест на штета во вредност од 8,5 илјади евра.
Професорот Савески смета дека пресудата е пример за гнилиот правен и политички систем во земјава.