Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Тамара, пеачката на химна и за нас

0
By Нова ТВ on July 6, 2019 ВЕСТИ
Фото Фејсбук
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 6, 2019 09:43

Слободан Унковски, театарски режисер, универзитетски професор

Се прашувам од каде исплива овој квазипатриотски талог за да ја сотре ако може Тамара? Им е криво што беше најдобра на Евровизија? Им пречи дека пееше на Прајд? Или навистина е причината за оваа непримерна хајка дека не ја отпеа целата химна? Бидејќи се работи за робот, грешка не прифаќате, вие никогаш и никаде не сте грешеле. Па уште ќе ја судите, ќе ја санкционирате бидејќи вие ги знаете тајните завери и намери за сотрување на нашево постоење и нација. Сто години стоиме на местото за жртва и никако да и се израдуваме на можноста да станеме активен чинител во својот спас, напредок и радост.

Квазичувари на химната, глутница на грдото, се храните ли со нешто друго освен со отров, злоба, жедни ли сте за крв, за сотирање на и она малку што е убаво и по што не препознаа во светот?

Македонецот не успеа да го стави во ред својот сопствен свет, да ги артикулира и разбере своите трауми а особено работите кои не може самиот да си ги објасни, а лутината која му е насобрана од неправедната транзиција наваму и се што потоа се случуваше во оваа четвртина век, му се враќа повторно и повторно, усмерена кон виновникот кој дента е распнат на порталите. Суштинската потреба за правда и организирана држава, нема да се реализира со черечење на било кој на Фејсбук.

Ќе го поминеме ли целиот живот во омраза, раскинување на сограѓаните, во негативни емоции и состојби за кои ни е крива државата, владата, Европа или Тамара?

Мора Македонецот да е длабински несреќен кога така здушно, така агресивно, има потреба да ги уништи своите мали моменти на среќа, на национална гордост, на спокој. Не ни е лесно ниту со новото име, ниту со сите процеси кои одат поспоро отколку што се надеваме, не ни е лесно што сме на Балкан, не ни е лесно што ни отидоа најквалитетните луѓе надвор. Овој момент е болен зошто треба да ги пресечеме ланците на ретроградното, на доминација на простото и грубото, на гледање наназад од кола што оди со огромно забрзување нанапред…

Можеби ќе ја отпее химната, некој похрабар, онака како што е напишана, на втори август. Никој ништо нема да и направи. Еден ден можеби и ќе се смени, тоа сега не го знеме.

А до тој миг да им се радуваме на ретко убавите работи што ни се случија во последниов месец, два: ракометарите и младиот борачот шампиони, Тамара победник на Евровизија.

Малку ли е тоа? Сакате повеќе или сакате поинаку? Дури и со вака нецелосна химна на Тамара, повеќе ми е мерак да излезам со Тамара во град отколку со разни увозни турбо пеачки како врв на нашиот провинциски културен живот, ниво на цивилизација. одбрана на идентитет и показ на патриотизмот во нашава Македонија. Северна, Жална, Просперитетна?

Ние сме толку мали, толку малку не има, немаме луѓе за фрлање, мораме на секој што макар малку вреди во својата област, да внимаваме и да го сочуваме. Тамара, чиј успех го славевме на Евровизија, Тамара мајка, Тамара, во случајов несреќна пеачка на химната, е една од оние кои треба да ги пазиме и да ги сакаме. И да им простиме ако нешто згрешиле. Зошто грешките на нас останатите се можеби и поголеми и пострашни, ама немало кај да се видат.

*Преземено од Фејсбук 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.