Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека од 9 до 11 септември се регистрирани 179 нови случаи на ковид-19. Најголем број од нив се пријавени во Скопје – 94, во Битола – 16, во Куманово – 11, во Прилеп, во Кавадарци, во Велес и во Неготино – по шест, во Штип и во Делчево – по пет, во Охрид и во Кочани – по четири, во Тетово и во Берово – по три, во Гостивар и во Крива Паланка – по два, во Струмица, во Ресен, во Радовиш, во Валандово, во Кратово и во Демир Хисар – по еден.
Регистрирани сe 347 оздравени пациенти и две починати лица, по едно од Скопје (79 год.) и од Валандово (86 год.). Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани четири починати лица, по едно од Скопје, од Битола, од Охрид и од Крушево на возраст од 71 – 89 год., во периодот од 25 август до 1 септември.
Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.