Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За в среда закажана координација на пратеничките групи

0
By Нова ТВ on August 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 20, 2018 14:30

Собранието на Република Македонија денеска започна со редовната работа по одморите иако интензитетот се очекува да се зголеми од среда за кога е закажана координативна средба на претседателот на Парламентот Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. Од оваа средба би требало да се очекува одговор на прашањето за улогата на Собранието во јавната пропаганда и други активности за референдумот на 30 септември. Исто така во среда Владата на седница ќе одлучува во врска со средствата за референдумот.

Во Собранието денеска седница имаше само Комисијата за економски прашања.

Пратениците што денеска беа во Собранието и од владејачкото мнозинство и од опозицијата велат дека не знаат како ќе се одвива капањата. Од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека се дојдени за друга работа и за ставот за референдумот упатуваа на одлуките на партиските органи, додека од СДСМ, пак, рекоа дека во текот на денот ќе се одржи партиска прес-конференција на таа тема.

Горан Милевски од пратеник од ЛДП изјави дека во однос на начинот на водење на кампањата за референдумот се уште нема договор меѓу коалициските партнери.

– Ние како коалициски партнери се уште немаме седнато да се договориме кој тип на кампања ќе водиме и дали ќе водиме, дали тоа ќе биде кампања што ќе ја водат владините институции и дали Собрание, дали Влада или ќе водиме партиска кампања по ова прашање, дали ќе биде кампања „за“ или промотивна кампања за излегување на референдум. Се надевам дека после богородичните празници ќе седнеме како владина коалиција и ќе дискутираме за ова прашање. Знаете дека Владата во среда на седница ќе дискутира и колку пари ќе одвои за референдумската кампања, изјави Милевски.

За дилемите што се јавија во јавноста во однос на јавната кампања, медиумското претставување, вработувањата и други прашања поврзани со за референдумот, пратеникот смета дека има правен вакуум што, како што вели, требаше да го расчисти Државната изборна комисија.

– Меѓутоа и тие го оставија тој вакуум да лебди, Владата се обидува да даде некои предлози, се надевам дека и Собранието ќе даде некои предлози и ќе имаме некое финално решение, вели пратеникот од ЛДП.

Пратеникот Фадил Зендели од Беса, од крилото на Касами изјави дека целата законодавна постапка за референдумот е надлежност на Собранието, но она што може да биде спорно е колку има надлежности Собранието да биде носител на активност во однос на организирање на референдумот.

Бидејќи се предлагачи на одлуката за распишување на референдум, според Зендели треба Собранието и пратениците да бидат носители на кампањата, но според него во еден момент ваквата кампања ќе се трансформира во партиска бидејќи пратениците доаѓаат од политички партии.

– Тие се дел од политички партии. На терен тоа ќе се одвива помеѓу поддржувачи на референдумот и можеби оние што не го поддржуваат. Тука можеби ќе остане една работа спорна за дел од тие чинители на политичката сцена кои не се во Собранието, рече Зендели. Додаде дека не само партиите што се претставени во Парламентот ја сочинуваат политичката сцена во Македонија, туку и други партии но и НВО и други организации.

Како пратеник од Беса, тој рече дека ќе биде вклучен во кампањата и оти партијата го поддржува референдумот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.