Владата ги заострува мерките против ширењето на коронавирусот. За време на викендите ќе биде забрането излегување од дома за сите граѓани во периодот од 16 часот попладне до 05 часот наутро. Во работните денови останува на сила полицискиот час од 21 часот навечер до 05 часот наутро.
Забрането е и движењето на граѓаните над 67 години во периодот од 11 часот до 05 часот следниот ден. Младите до 18 години, пак, може да се движат од 12 часот напладне до 21 часот следниот ден.
„Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронаврусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани“, објави на фејсбук техничкиот премиер Оливер Спасовски.




