Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За вкоренетиот простаклук

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 24, 2025 13:22

  Демократијата не е за секоја глава; некои не ни знаат што значи зборот демократија но се повикуваат на неа злоупотребувајќи го правото на ,,јавен говор,, преку социјалните мрежи , портали, анкети и слично.

Драган Спасов Дац

Има нешто што ме мачи повеќе време и никако не можам да останам рамнодушен.

Се работи за вкоренетиот простотилак на нашиот народ. Каде сме неписмени, уште сме прости, лоши и злобни и сето тоа без срам или размислување за последиците – го исфрламе од себе во јавниот простор без последици…

Толстој рекол: “Злобата на човекот доаѓа од неговата немоќ.”

Не можам да сфатам како може некој со таква леснотија да нарекува со погрдни зборови актуелни и бивши претседател на држава, премиер, министер и други јавни личности на кои ТОЈ не им е ни до колена по сите основи.Само затоа што му се може?  Демократијата не е за секоја глава; некои не ни знаат што значи зборот демократија но се повикуваат на неа злоупотребувајќи го правото на ,,јавен говор,, преку социјалните мрежи , портали, анкети и слично. Од оваа перспектива сметам дека ,,вербалниот деликт,, во некаква современа форма не би требало да биде само грдо минато од социјализмот, иако постојат дузина закони кои би требало да го штитат граѓанството (во кое, помеѓу другите спаѓаат и бившите и актуелните политичари  и јавни личности како постојана мета на разни медиокритети) од разни злоупотреби на правото на јавен говор…Ова важи и за политичарите, кои на моменти си даваат право секого и сешто да честат со најпогрдни описи и изрази. Луѓето од животните се разликуваат по говорната (мисловната) артикулација и смисол, или не? Ние како да тргнавме во спротивен правец од еволуцијата. Треба да се запомни: Што е поголема слободата, поголеми се и обврските кои произлегуваат од неа.

Не може, не смее, недозволиво е секој кој ја научил азбуката да лае преку тастатурата и да мисли дека од неговите навреди некој човек ќе обрне внимание на тој ментално вербален пролив или ќе се потресе, а тој пред ,,коперација,, ќе раскажува за својот “подвиг” над премиерот, претседателот или некоја јавна личност – по правило недостижни за него.

Да се разбереме, не сум против слободата на изразување и говор, туку против неговата апсолутна злоупотреба. Не може секој се и сешто да каже без последици, доколку ја надмине линијата на елементарната граѓанска пристојност. Токму воспитувањето е основен постулат за градење на едно општество и држава; тука жестоко потфрливме. Децата – , „добар ден“ , не кажуваат на постари,  а татко им фронтално пцуе кого ќе стигне. Тоа не е демократија – тоа е простотилак! Не бива така; воспитувајте ги вашите деца да бидат културни, да почитуваат и тогаш и тие ќе бидат почитувани. Значи, да не бегам од темата, мислам дека треба да се воспостави ефикасен механизам со кој ќе се казнуваат простаците зад тастатурите. За тоа социјалните мрежи имаат многу технолошки можности, но нашето општество е сеуште немоќно. Можеби распространетата непристојност е посакуван ефект за некого? Или пак обесмислувањето, багателизирањето на изразите стана нова ,,дисциплина,,? Каде патем ни го снема цитатот на Блаже Конески, ” Јазикот е нашата татковина”? На крај, запаметете; изречениот збор си ти!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Драган Спасов - Дац
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.