Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За ВМРО-ДПМНЕ снимките на Заев се сечени, лепени, прилепувани и монтирани

0
By Нова ТВ on March 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 23, 2015 18:12

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ попладнево со соопштение реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на која тој повторно пласираше снимки поврзани со рушењето на „Космос“ и со фамозните плацеви на Водно.

– Заев продолжува да го тера своето деструктивно сценарио, и без поддршка од граѓаните продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали. Наводите кои се обиде Зоран Заев да ги конструира во денешната прес конференција се чиста манипулација и невистина. Бомбастичните најави за креирани разговори се само доказ дека и тој е свесен за своите манипулации. Го потсетуваме дека за истите конструкции беше испратено официјално соопштение од страна на Владата, во кое јасно беше одговорено дека Никола Груевски не поседува никаков друг имот надвор од оној кој е пријавен во неговиот анкетен лист, а кој е и јавно објавен. Ваквите наводи на Заев и тогаш и сега се целосно измислени и невистинити, реагира партијата.

Оттаму велат дека веќе и самиот Заев е свесен дека неговата деструктивна политика не поминува ниту кај неговото членство, а уште помалку кај граѓаните, па продолужва да се дозаглавува во сопствените манипулации.

– Тој многупати досега покажал дека материјалите кои ги објавувал се сечени, лепени, прилепувани, монтирани и ставани во манипулативен контекст. Впрочем тоа СДСМ го призна и во свое партиско соопштение. Неговиот обид да се добере до власт без поддршка од народот, без избори, со помош на странски центри и соработници, веќе е прочитан. Очигледно дека Зоран Заев станува се понервозен кога од сите страни се потврдува неговата соработка со надворешни центри кои не и мислат добро на Македонија, кога постојат признанија од лицата кои учествувале во нечесниот чин, а кои директно соработувале со Верушевски, и на крајот на краиштата кога самите граѓани му покажуваат дека ваквите ниски обиди не се прифатливи за нив, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.