Published: Friday, May 25, 2018 11:33
Сообраќајната полиција, по повод верскиот празник „Задушница“, денес, како и за време на викендот презема посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во периодот од 6 до 16 на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров.
Како што информира МВР, на гробишта Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локалниот пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова” и излегување на улица „Александар Урдаревски”.
„По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по улица „Јужноморавски Бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“, соопшти МВР.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.




