Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во интервју за AlJazeera ијзави дека се повторува сценариото од 90-те години, каде што Србија се претставува како заштитник во регионот и претставува сериозна закана за стабилноста на Западен Балкан. Според него, западната политика ја поддржала оваа стратегија, што довело до нови напори за контрола на регионот преку Србија и Албанија.
Ѓукановиќ нагласи дека проектот „Отворен Балкан“ е всушност обид за институционализација на доминацијата на овие две земји, додека предупреди дека таквите иницијативи можат да водат кон обновување на национализмот, како што се случило во 90-те години. ЛИНК