Патувачки забавен парк со десетина содржини од кои дел се адреналински „никнаа“ на парцела кај СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Засега е нејасно кој стои зад проектот, кој дал дозвола за негово поставување и до кога ќе остане во Скопје, но она што е сигурно е можноста за уживање на најмладите.

Ова е прв забавен парк во Скопје по пауза од три години и строгите мерки за заштита од ковид-19 кои беа на сила. Последниот беше поставен на истата локација во 2019 година.