Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заболени 17,1 процент од медицинскиот персонал – КОВИД-19 во офанзива на болниците

0
By Менче Атанасова Точи on April 23, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 214 здравствени работници се заболени од КОВИД-19. Тоа е 17,1 од вкупниот број на заболени во  државата, покажуваат официјалните податоци на Институтот за јавно здравје.

Се повеќе медицински персонал, лекари, медицински сестри, болничари се заразуваат со коронавирусот. Овој тренд секој ден е се поизразен. Покрај заболените, во самоизолација од 14 дена заминуваат и сите вработени кои со нив имале контакти на работните места. Болниците се празнат, се прави реорганизација на кадарот.

На Клиниката за онкологија каде што има 8 заболени лекари, медицински сестри и 2 транспортерки, во изолација се уште 20 други вработени. На Клиниката за детски болести каде што има заболена докторка, медицинска сестра и лаборант, во изолација се 26 други вработени. На Клиниката за пулмологија заболени се седум здравствени работници, три докторки и 4 медицински сестри. Сите што биле во близок контакт со нив се во изолација.

Околку 15 вработени се во изолација и болницата во Битола, а така е и во сите здравствени установи каде што има заболен персонал.

Во болницата во Дебар заболеа 8 лекари медицински сестри уште на 9 март, а по нив и двајца доктори и две медицински сестри од приватна здравствена установа, амбуланта. Тие беа први на удар, во првиот бран што го зафати Дебар со коронавирусот и карантинот. Од фотографијата каде се тројца од тимот во приватната амбуланта кои заболеа со КОВИД-19, може да се види дека тие се со обични хируршки маски. Заштитната опрема во амбулантите беше таа, во тој временски период.

др. Арбен Аголи со двете медицински сестри кои меѓу првите заболеа со КОВИД-19

Коронавирусот тргна во офанзива во болниците, онеспособи и ги тргна од работниот процес многу здравстени работници, тогаш кога се најпотребни.

 Има или не, заштитна опрема во болниците

Уште од самиот почеток на кризата, на пандемијата со коронавирус медицински персонал укажува дека немаат заштитна медицинска опрема и дека хируршките маски и ракавици не штитат од заразната болест. Тоа беше период кога цела Европа имаше недостаток од заштитна опрема поради забраната за извоз. Во Министерството за здравство не убедуваа дека има доволно опрема за сите.

„За тие што немаат или не може да набават во Министерството за здравство има доволно залихи, нека дојдат да си подигнат“, изјавуваше повеќе пати на прес конференции, министерот за здравство Венко Филипче.

Иако работата беше сведена само на итни случаи, лекарите и медицинските сестри подолг период постојано се жалеа и бараа соодветна заштитна опрема. Тие ги сликаа и праќаа маските со кои тврдеа дека работат, обични хируршки во време кога не се знае кој пациент е носител на вирусот, односно е асимптоматски. Се фотографираа по социјалните мрежи и упатуваа прашања до новинарите, за да се алармира во Министерството за здравство.

Некои од директорите на болниците се жалеа дека нема од каде да набават заштитна опрема, други дека мали се сумите за итни набавки. Ситуацијата започна да стивнува откога почнаа да стигнуваат разни донации од странство.

др. Ирена Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ

ДСЗИ е постојано на терен и до завчера извршени се 595 вонредни инспекциски надзори, во однос на протоколите за лична заштитна опрема во ЈЗУ и ПЗУ во и вон мрежа и 24 домови за стари лица.

„Генарaлниот заклучок е дека сите имаат заштитна опрема во доволна количина, нотирни се извесни забелешки, издадени се решенија до менаџерските тимови по што ќе следи контрола дали е постапено по истите“, изјави за НОВА, Ирена Бухова директорка на ДСЗИ.

Бухова вели дека секој ден има нови ситуации, нови моменти и инспекторите се постојано во здравствените установи, прават вонредни инспекциски надзори.

Од друга страна, пак стигнуваат неофицијални информации за злоупотреба на медицинската заштитна опрема од вработени, некаде и од надлежни, така што некаде морале ја кријат под клуч. Добро упатени извори за НОВА посочуваат на случајот со болницата во Дебар, каде што на почеток се земале маски, скафандери, ракавици и се изнесувале за лична потреба на блиски роднини и пријатели на вработени.

Во Охрид, на Инфективното одделение, често се подигнувала заштитна опрема од клиничката аптека, а таму не примаа пациенти со КОВИД-19, со образложение дека не се заштитени. На овој оддел не беше примена пациентка од Струга, која почина, а директорката беше разрешена и казнета, како и болницата, парично.

Во ситуација кога земјите ги затворија границите, се затворија пазарите за медицинска опрема млади ентузијасти, лекари организирани во „3 Д Принт Медицинска Опрема“, изработуваа и се уште прават визири и ги снабдија речиси сите јавни здравствени установи во државата.

Визири изработени од група ентузијасти

Во последните две недели почнаа да пристигнуваат донации од повеќе земји, со што се снабдија сите болници и матични лекари кои се вклучија во процесот и ги упатуваат пациентите до соодветните установи , а ги закажуваат и тестовите.

Надлежните обвинуваат дека медицинсиот персонал не ги почитува протоколите

Во Министертвото за здравство тврдат дека јавно-здравствените установи се снабдени со потребната заштитна опрема како што се заштитни маски, ракавици, скафандери, заштитни очила и мантили.

Епидемиолозите потенцираат дека на Инфективната клиника каде што се лекуваат најтешко болните од коронавирус, како и во болницата „8 Септември“, која е центар за КОВИД-19, нема ниту еден заболен здравствен работник.

Жарко Караџовски епидемиолог-ИЈЗ

Епидемилогот Жарко Караџовски ги налути вработените со изјавата дека не ги почитувале протоколите, неправилно ја облекувале и соблекување заштитната опрема. Тие причини ги наведе како главни, зошто заболува медицинскиот персонал. Тој истакна дека бил во посета на медицинските установи во државата и лично се уверил дека не ги почитуваат протоколите и не знаат правилно да ја користат заштитната опрема.

„Лично се уверив дека не се почитуваат протоколите и редоследот на облекување и соблекување. Потоа одат надвор да пушат цигари со истата заштитна опрема, седат на кафе пиење заедно во иста просторија, а некои од нив може да се заразени во домашни услови. Заради тоа беше спроведена едукација на медицинскиот персонал. На Инфективната клиника нема ниту еден заболен од медицинскиот персонал затоа што знаат правилно да ја користат заштитната опрема“, изјави Караџовски.

Експертите од ИЈЗ ја потврдија оваа теза и објаснуваат дека дел од здравствените работници се инфицирале надвор од работните места, а дел додека седеле на состаноци, јаделе или пиеле кафе заедно за време на паузата.

Поради тоа се воспоставени строги протоколи да се избегнуваат ваквите заеднички контакти, велат во Министерството за здравство.

“При контакти и прегледи на пациенти се користи пропишаната заштитна опрема и ризикот за пренесување на инфекцијата во овие случаи е апсолутно минимален. Дел од здравствените работници се инфицирани надвор од здравствените установи. Од досегашните согледувања може да се претпостави дека дел од здравствените работници се инфицирале во тек на работниот процес но надвор од постапките за прегледи или интервенции на пациенти ( на пр. стручни состаноци, паузи и слично). Воспоставени се строги протоколи за да се избегне и овој начин на ширење на инфекцијата“, потврдија за НОВА од Министерството за здравство.

Од оваа епидемија, велат од таму, мора да се извлече поука и да се коригираат сите евентуални попусти кога станува збор за спречување на ширење на инфекција во здравствени установи.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.