Во моментот низ болниците во државата се заболени 163 здравствени работници, лекари, медицински сестри и болничари, информираат од Министерството за здравство.

Голем дел од медицинскиот кадар веќе е преморен од честите дежурства и се на карј на силите. Ќе направиме се да се обезбеди поддршка, што веќе и го правиме во овие денови, од Министерството за здравство ќе се мобилизираат апсолутно сите ресурси во здравствениот систем, за да се надмине оваа криза, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

„Здравствените работници, буквално не се прибрани дома со месеци, изложени се на голем ризик, на долги смени, работат за да го спасат секој живот, и ова како граѓани сите ние мора да го почитуваме“, рече Филипче.

Потенцира дека секој граѓанин може и да помогне тоа да го прави со следење на едноставните три препораки, маска, дистанца и дезинфекција.

“Ова не е големо барање, ќе помогне да има помалку дијагностицирани и некој пациент повеќе да си оди дома од болничките установи. Ве молам да се почитуваат овие мерки, за да може здравствените работници да здивнат, да се ослободат од притисокот, заради тоа што тоа е единствениот начин да ставиме крај на оваа криза“, додаде Филипче.