Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заборавете го вашиот мајчин јазик, учете англиски!

0
By Нова ТВ on May 12, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 12, 2013 19:31

Македонците знаат дека тешко дека некој странец ќе учи македонски. Тоа е јазик на само два милиони народ, така што неговото усовршување не носи некоја корист. Македонците исто така знаат дека има многу повеќе можности надвор отколку на 25,713 км2 на кои живеат.

Па, така тие собираат еден плус еден и заклучуваат дека единствениот начин да се егзистира во глобалниот свет е да се учи современиот лингва франка – англиски.

Ако сте турист во Скопје и ако прашате некој млад човек за насоки има 95% веројатност дека таа млада личност ќе знае да ви даде насоки на англиски јазик. Градот кој претходно туристите го заобиколуваа постепено станува привлечен за туристите. И се разбира, најлесен начин да се услужат и да им се продаде на туристите е ако некој зборува англиски.

Отворете било кој оглас за работа и основниот критериум за вработување е апликантот да „зборува англиски“ – повеќе или помалку совршено – реалноста е дека сите апликанти ќе зборуваат англиски. Секој знае дека англискиот јазик е sine qua non за вработување, така што родители ги запишуваат нивните дека на приватни курсеви за англиски јазик.

Дури и владата сфати дека Македонците мораат да зборуваат англиски доколку владата сака да се натпреварува на светскиот пазар. Во 2007 година англискиот јазик беше воведен во прво одделение и сега воспитуваме билингвална нација која зборува англиски јазик.

Факт е дека во 2020 година секој 20 годишник во земјата ќе зборува англиски јазик. За една мала нација да преживее и да се натпреварува со многу поразвиените нации, ова е одличен начин да се придрижи напред.

Работна сила која зборува англиски јазик е поатрактивна и е од многу поголема вредност на меѓународните инвеститори отколку нација која зборува само македонски и албански јазик (албанскиот е мајчин јазик на 25% од популацијата).

Сепак, со зголемената превласт на англискиот јазик има еден очигледен губитник – македонскиот јазик. Како што луѓето учат англиски јазик, во зголемена мера забораваат правилен македонски. Употребуваат англиски правописни правила кога пишуваат на македонски јазик, употребуваат англиски наместо македонски зборови и се повеќе стануваат неписмени во македонскиот јазик.

Оддеднаш сите ги пишуваат имињата на месеците и деновите во неделата со големи букви, како што е во англиски јазик, кога на македонски тие се пишуваат со мали букви. Вакви грешки во јазикот се видливи насекаде – во пишувањето на обичните луѓе, на веб страниците, во медиумите кои би требало да имаат лектори, дури и во книгите кои исто така би требало да бидат лекторирани. Се разбира, колку и да е моќен англискиот јазик не треба да се гледа како главен виновник за зголемената корупција на мајчиниот јазик. Во голема мера ова е поради слабото образование на македонски во училиштата. Зајакната со незадоволителното користење на мајчиниот јазик во популарните медими, ова има зголемени ефекти во секојдневното пишување.

Неточен правопис на македонски јазик:

Јуни

Понеделник

Точен правопис на македонски јазик:

јуни

понеделник

Па така, како што нацијата станува се повеќе глобално конкурентна и привлечна како работна сила, таа бесрамно го запоставува клучниот елемент на нејзиниот идентитет – македонскиот јазик. Во време на растечка глобализација, мешањето на културите и прифаќање на западните трендови, една држава треба да биде попаметна. Присвојувањето на глобалните трендови не треба да биде по цена на душата на нацијата. Во вакви времиња нацијата треба да се опамети и да превземе чекори да го зачува својот културен идентитет. Бидејќи на крај, што ќе биде Македонија без македонскиот јазик?

Колку повеќе Македонците учат англиски јазик, толку помалку знаат правилен македонски јазик. Сликата е превземена од Шејн центри за глобални јазици. Oбјавена на Фликр под лиценца CC BY 2.0.

Автор: Илина Мангова, м-р по компаративна политика, работи во Институт за демократија Societas civilis

Блогот оригинално е објавен на 8 мај 2013 година на веб страната Future challenges на следново мрежно место http://futurechallenges.org/local/forget-the-native-learn-english/

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.