Владата на словенечката премиерка Аленка Братушек им забрани на словенечките претпријатија да им донираат пари на политичките партиите.
Според новиот закон партиите ќе мора јавно и прецизно да го објават начинот на финансирање на своите изборни кампањи.
Измените во законот се однесуваат финансирање на партиите според одреден клуч на распределба на средствата од државната каса, односно една четвртина наместо десетина како досега ќе им биде распределена оние партии кои на изборите ќе освојат над еден процент од гласовите. Остатокот ќе се дели според критериум на освоени места на изборите.
За прв пат овие законски измени ќе се спроведат во мај за време на изборите за Европскиот парламент.