Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забранета трансплантација:Болните со бугарски пасош по бубрег

0
By Менче Атанасова Точи on August 2, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 2, 2016 16:17

Не ги натера оваа држава само младите, здрави и работно способни да бегаат во странство. Од Македонија спас во некоја од западните земји бараат и луѓето кои имаат потреба од пресадување на орган, најчесто бубрег. Пациенти вадат бугарски пасоши и заминуваат. Другите кои остануваат, умираат чекајќи да добијат бубрег.

Откога во Македонија беа стопирани трансплантациите со амин на највисоката државна институција, Министерството за здравство, се повеќе луѓе се одлучуваат на овој чекор. Најсвеж пример е приказната за едно младо момче од еден град во Источна Македонија. Со помош на бугарски пасош успеал да се вработи во Англија и за него бил пронајден бубрег само два месеца откога бил ставен на листата за чекање. Тоа е најбрзиот и најреален начин да се стигне до бубрег бидејќи во државата не се вршат трансплантации од март минатата година.

Да останеше во Македонија, овој млад човек никогаш немаше да добие бубрег. Квалитетот на живот ќе му беше еднаков на нула, а немаше да може да најде работа бидејќи со три пати неделно одење на дијализа по пет-шест  часа во текот на денот ниту еден работодавач немаше да сака да го ангажира.

Вистината е дека земјата која штотуку ги прифатила, се грижи подобро за него отколку неговата татковина.

Што с е случи за да одеднаш престанат трансплантациите, по 2-3  успешни години во кои беа направени 112 пресадувања од кои 15 од починати дарители. Земаа залет и престанаа. Македонија  претрпе огромен пораз на ова поле, особено по многуте напори во кои се донесоа законски измени, се назначи Национален координатор, се мобилизираа и екипираа лекарите.

Од март минатата година замре се. Луѓето на дијализа, оние кои чекаат да добијат бубрег велат дека откога министерот Тодоров си назначи советничка за трансплантација, наместо да напредува пресадувањето на бубрези тоа запре. Зошто беше забранета трансплантацијата?  Тоа е вистинското прашање. Се појавија различни верзии, од тоа дека се реновира Центарот за трансплантација на Клиниката за урологија, дека ќе се гради нов Центар во склоп на болницата “8  Септември“ , дека нема соодветни дарители, се до спектакуларната изјава на Тодоров кога кажа дека пресадувања не се прават заради огромната смртност од дури 15 проценти.

Тоа беше шок за сите, за пациентите, за лекарите и за целокупната македонска јавност. За да ги спаси пациентите од големата смртност на Клиниката за урологија, Тодоров тогаш го најави Центарот за извонредност каде што рече дека смртноста ќе биде на ниво на светски рамки, под еден процент. А, да и откога лекарите излегоа и го демантираа дека смртноста не е 15 туку 7 проценти, Тодоров порача да не се извртуваат работите бидејќи тој работел посветено да се изгради овој Центар. Тогаш се виде неговата намера. Да се уништи се што дотогаш се направило, да се минираат сите залагања на лекарите, да се направи нешто што не доби поддршка од стручњаците, нешто за што се фаќаа за глава сите кои ја познаваат оваа проблематика.

Тој  Центар никогаш не проработи. Тодоров не најде за потребно да ги испегла работите и да ги врати во нормала. За волја на вистината благодарение на лекарите во јуни  беа направени 4 трансплантации, но тоа не е доволно. Кадаверични или трансплантации од починат дарител не се прават. Подоцна се дозна дека во тој Центар, министерот планирал да ангажира тројца пензионирани доктори  блиски до партијата на власт, тие да раководат и да вршат трансплантации. Така, се да биде во рамките на ВМРО ДПМНЕ. Не сакам да помислам дека се во прашање и поголеми бизниси со дијализата , која нема да опстане ако пациентите тежнеат да се трансплантираат.

Цената на замислите на Тодоров и врхушката на власта уште еднаш ја платија пациентите. Малата Тамара беше жртва на една слична идеја, Центар за сколиоза каде што било замислено да се оперира. Девојчето почина, не го дочека отворањето на тој Центар за кој никогаш не дознавме каде се наоѓа и кој оперира во него. Но, поените во стоте чекори на власта мора да бидат впишани. Постојано се најавуваат некакви центри, резултати нема никакви. Така е и со овој Центар за извонредност. Го нема. А, пациентите излажани, во надеж дека ќе бидат трансплантирани умираат чекајќи.

Паднаа во вода ветувањата на Националниот координатор и целокупниот тим кој една година претходно ветуваа развој и напредок на оваа гранка од медицината. Паднаа во вода надежите на 1300 пациенти на дијализа од кои поголемиот дел спас гледаат во трансплантацијата.

Сите се прашуваа што може да натера еден министер за здравство да излезе со таква застрашувачка бројка на смртност. Стравот се вгнезди кај пациентите, почна да се губи довербата кај лекарите.

Од друга стана, неорганизираноста на тимот кој бара 24- часовна мобилност резултираше со разни пропусти и несогласувања. Најголемиот скандал беше направен минатата година кај едно семејство од Кавадарци кои ги подариле бубрезите на нивната мајка. Бидејќи законот налага бесплатен погреб  за да се стимулираат луѓето да донираат, процедурата требало да биде запазена.  Но, телото на жената не стигна во капелата во терминот кога бил организиран погребот. Насобраните роднини и пријатели кои биле дојдени да ја испратат до нејзиното почивалиште, го фрлиле цвеќето и си заминале дома.

„Мајка ми не стигна на сопствениот погреб“, коментираше на социјалните мрежи синот на покојната.

Како после ова да се охрабрат граѓаните да ги даруваат органите на нивните  починати од семејството? Како да му веруваат на првиот човек во здравството кој со својата политика уништи се што досега било направено. Тодоров веројатно  наскоро ќе си оди од функцијата министер, но ерата на неговото „владеење“  ќе биде запаметена со огромната штета која му ја нанесе на здравството.

Ете, затоа си одат младите лекари. Затоа си заминуваат  младите луѓе кои во неможност да се вработат во било која сфера својата иднина ја даваат во залог на друга држава. За да се спасат и поживеат бегаат и пациентите. Кој со бугарски пасош, кој со помош на роднини и пријатели во странство. Затоа што живееме во мрак во кој не убедуваат дека сме најдобри, а медицината не мрднала напред ниту чекор. Како што е трансплантацијата на бубрези, која ја забранија и уништија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

бугарски пасош странство трансплантација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.