Граѓаните постари од 67 години отсега ќе можат да излегуваат најмногу 6 часа дневно, и тоа во периодот од 5 наутро до 11 претпладне, објави премиерот Оливер Спасовски во интервјуто на „24 Вести“.
Посебен полициски час ќе има и за младите до 18 години, кои ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот.
Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна премиерот Спасовски во вечерашното гостување на ТВ24.
Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.
Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.
Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените.
Апелира до сите да ги почитуваат воведените мерки и да останат дома, со цел да се запре ширењето на коронавирусот




