Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец на форумот во Блед: Кога граѓаните ги гледаат сите факти, креаторите на дезинформации тешко ќе манипулираат

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 19:21

Нашата земја беше изложена на дезинформации кои во одредени периоди добиваа на интензитет, рече владиниот национален координатор, Марјан Забрчанец на панелот во Блед, кој се обрати на темата „Во борба против дезинформациите со информации: Обезбедување безбедност преку факти“.

Тој за примери на дезинформации ги наведе случаите со уставните промени и референдумот, договорот од Преспа, изборните периоди и за време на целиот период на спроведување на реформските процеси во земјата.

Според Забрчанец, ширењето на дезинформации е постојано нагласено и во однос на мигрантските кризи, особено во последниот период во однос на кризата во Авганистан и со бегалците од оваа земја како хуманитарната криза.

Во однос на пандемијата со Ковид – 19, според Забрчанец лажните вести и  дезинформации и натаму ги има. А, и во период кога во земјава се спроведува вакцинацијата наведува дека се опструира со дезинформации.

– Дезинформациите и лажните вести се сериозна закана за демократијата и демократските процеси и за справување со овие појави Владата на Република Северна Македонија креираше акциски план со насоки за препознавање и за демистификација и ги покани сите засегнати страни да се вклучат во постојаното усовршување на планот за успешна и ефикасна борба против дезинформациите, рече Забрчанец.

Тој посебно нагласи дека во борбата со дезинформациите е неопходна проактивност и активна транспарентност наместо само реактивна и дефанзивна стратегија заради фактот што на тој начин оние што ги продуцираат лажните информации ќе бидат постојано во предност.

– Треба да создадеме услови за промена на играта. Владите, граѓанските и меѓународните организации кои се обединети во заедничката борба против дезинформациите, наместо да живеат во страв, треба да бидат проактивни во промоцијата на демократските вредности и со активна транспарентност да ги елиминираат влијанијата на дезинформациите. Кога граѓаните ги имаат на увид сите факти, на креаторите на дезинформации ќе им биде многу потешко да манипулираат. Тие информации најтранспарентно треба да се обезбедат, да се продуцираат, да се публикуваат и промовираат, потенцираше Забрчанец.

Тој додаде дека со дополнителна интензивна меѓусекторска соработка, како и со стратегиска програма за медиумска писменост се создаваат услови за заедничка и ефикасна промоција на демократските вредности како противтежа на дезинформациите.

Националниот координатор за стратешки комуникации во Владата нагласи и дека се од исклучителна важност соработката и вмрежувањето за споделување искуства и за дефинирање на клучните заеднички активности за борба против дезинформациите меѓу сите засегнати страни во земјата, но и во регионот,

Во завршницата на панелот Забрчанец рече дека информациската војна меѓу поддржувачите и противниците на демократијата ќе ја добијат оние кои имаат јасен концепт и јасна визија за иднината и за развојот на општеството.

Панелот си постави за цел да одговори што прави ЕУ на темата борба против дезинформациите, како со оваа појава се справуваат одделните држави и граѓанските организации и како борбата против дезинформациите со информации и обезбедување безбедност преку факти рефлектира на иднината на Европа.

(дез)информации Забрчанец панел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.