Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец: За да спроведеме вакцинација неопходна e кампањa за подигање на јавната свест

0
By Нова ТВ on December 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Насоката во која што сакаме да ги движиме политиките е јасна, а тоа е здрав комуникациски етер, ние остануваме на нашата определба цврсто дека Владата не треба да ги троши народните пари за да се рекламира себеси и тоа нема никогаш да се случи, невозможно е, теоретска основа во моментов не постои да ние се вратиме во состојбата од пред четири години кога милиони евра на годишно ниво биле земани од буџетот, распределувани по медиуми со цел да се спроведуваат кампањи во коишто се величаат ликот и делото на лидерите, институциите итн. За да немаме недоразбирање, прво не станува збор за никакво владино рекламирање или пак за рекламирање на институциите, не смее никој да помисли да дава државни пари на приватни медиуми за да медиумите известуваат за активностите на одредена институција коишто се регуларни, тоа е, се вика односи со јавност за тоа не треба да се плаќа.“- објасни Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во интервјуто на Студио 10, на телевизија 24, одговарајќи на прашањето дека има реакции во јавноста за измена во Законот за аудио и аудио- визуелни медиумски услуги.

Тој објасни дека станува збор за потребата од кампањи за подигање на јавната свест кај населението, на пример за процесот на имунизација против коронавирусот. „Во време кога вие имате процеси од типот на вакцинација, масовна акција со целото население, има ли друг начин освен преку кампањи за подигање на јавната свест, со сериозни комуникациски напори со сите чинители од општеството да обезбедите вакцинација на населението – го давам првиот најдиректен пример кој што се исправа пред нас. Ако има промени ќе се направат исклучиво во соработка со вас како медиумски тела, како професионални здруженија, во соработка со медиумите, а исклучиво заради потребата од менување на одредени навики кај сите нас во смисла на јавната свест. Ако сакаме граѓаните да пријавуваат корупција, мораме да ги поттикнеме да пријавуваат, ако сакаме населението да се вакцинира мораме да спроведеме масовна јавна кампања заради потребата од вакцинација на населението. Ако има промени би биле во оваа насока, исклучиво по меѓународни стандарди, исклучиво по јасни критериуми“- дополни Забрчанец.

Ваквиот став се должи на фактот дека релевантните регионални анкети за имунизација покажуваат дека половина од населението во Северна Македонија се изјаснило дека нема да се вакцинира и дека верува во теории на заговор, а тоа е висок процент кој може да ја наруши ефикасноста на вакцинацијата. Оттаму, неопходна е камапања за на сите граѓани да им се објасни безбедноста на вакцините и неопходноста од имунизација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.