Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец за Политика: Ги тргаме пречките за полесно барање и наоѓање работа во државите од Отворен Балкан

0
By Marta Pesevska on March 10, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Марјан Забрчанец
Марјан Забрчанец
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Од почетокот на март оваа година, уште еден проект од иницијативата Отворен Балкан станува реалност односно станува опиплив бенефит за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија. Пазарот на труд на трите државни станува заеднички, а со тоа регионот оди чекор поблиску до европскиот единствен пазар на труд. Ги отстрануваме административните бариери со цел полесно барање и наоѓање работа во која било од трите држави, за кој било граѓанин од трите држави. Станува збор за директна примена на европските економски слободи, полесно да се наоѓа работа, полесно да оди протокот на луѓе и услуги. Оваа мерка придонесува кон поголема економска конкурентност, кон пополнување на празнините на пазарот на труд за секоја од државите, кон нови работни места, повисоки плати односно кон раст и развој на економијата во регионот“, изјави Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.


Тој додаде дека граѓаните кои го отпочнаа процесот сведочат дека првата фаза од постапката се завршува за неколку минути, целосно електронски. Нема потреба од одење по шалтери и по институции во било која од трите држави.

„На пример, ако граѓанин од Врање е заинтересиран за работа во некоја кумановска компанија која отвора нови работни места, најпрво тој треба да отиде на веб сајтот на српската Е- управа, да извади електронски Идентификациски број за Отворен Балкан. Понатаму со тој број, се логира на македонскиот портал за Е-услуги и таму аплицира за сертификат за слободен пристап до македонскиот слободен пазар на труд. Тука следи еден чекор кој што подразбира проверка од безбедносен аспект, а таа активност е во надлежност на македонското Министерство за внатрешни работи. МВР го проверува тој апликант низ стандардна безбедноста постапка, што не смее да трае повеќе од 30 денови. Штом стигне одобрувањето од МВР, на апликантот по автоматизам му се издава сертификат за слободен пристап до македонскиот пазар на труд, после што може да пристапи кон аплицирање за работа во посакуваната компанија. Со издавање на сертификатот лицето добива и автоматска дозвола за престој во државата за која аплицира во времетраење од две години“, потенцираше Забрчанец.


Тој заклучи дека од моментот на наоѓање работа и склучување договор со работодавецот, натаму по однос на работнички права, пензиско, здравствено осигурување, начин на исплаќање на плата и слично, продолжуваат да важат сите правила и легислативи на националното законодавство. Во тие делови нема никакви промени, се останува како што било и до сега.

Забрчанец отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.