Државата од домашните банки, осигурителни друштва, денеска ќе побара заем од приближно 60 милиони евра, објави Министерството за финансии на веб страницата.
Ова е аукција на 12-месечни државни записи со и без девизна клаузула, и една 15 годишна државна обврзница. Утре по основ на доспеани обврски, државата треба да ја врати истата сума пари.
Ова е второ задолжување за раздолжување за месец септември. Домашните задолжувања од 4 се скратени на 2 месечно, а според најавите на премиерот Заев годинава не е предвидено задолжување на домашниот пазар.