Денис Прешова: 25 години по Охридскиот рамковен договор, покрај позитивните аспекти, останува впечатокот дека во двете најголеми заедници, а особено кај нивните најзначајни политички претставници, отсуствува искрена волја и визија за заеднички, а не паралелен, живот и иднина.
Процесот на градење долгорочна визија редовно е поклопена од краткорочните политички агенди. Не сфативме дека ОРД во суштина е инструмент за акомодација на различности кој треба да води кон интеграција како негова основна цел.
Фокусирајќи се на акомодацијата, најчесто поради тесни партиски интереси, на интеграцијата веќе не се обрнува толку внимание.
Очигледно дека не успеавме да изградиме општество отпорно на инструментализација на националистичката реторика особено кога истата се користи на највисоко политичко ниво. Всушност најголем дел од актуелните превирања околу етничките теми потекнува токму од нерасчистените темелни правни и политички прашања кои се провлекуваат низ годините, а се резултат на ова отсуство на волја и визија.
Извор: Фејсбук



