Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заеднички ќе се чествуваат цар Самоил, свети Наум и свети Климент

0
By Нова ТВ on February 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постигната е согласност за заедничко одбележување на цар Самоил свети Климент и свети Наум на дводневната средба на заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија што заврши синоќа во Скопје.

„По долги дебати, заедничката комисија постигна согласност да даде препорака до владите на двете држави дека постојат доволно елементи за заедничко одбележување на Св. Климент, Св. Наум, и цар Самоил, како мост за градење на меѓусебни пријателски односи, во духот на Договорот за пријателство и добрососедство“, стои во соопштението од Инститот за национална историја.

На средбата е разгледувана можноста за заедничко одбележување на некои историски личности кои се значајни и за двете држави, додека дискусијата за учебниците по историја беше одложена за следната средба.

Ова е четврта средба на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која е формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу двете земји.

-Оваа комисија има два аспекти – едниот од нив е заедничко чествување на одредени историски личности и настани, при што нашиот фокус се историски личности и настани кои се извор на историографско – политички конфликт помеѓу двете држави и пречат во развојот на добрите односи помеѓу двете држави, вели историчарот и член на експертскиот тим, Петар Тодоров.

-Наша работа е да дадеме препораки до Владите, а на владите да постапат согласно нашите препораки. Нашиот предлог е да се слават ови личности при јубилејни, при значајни датуми, вели историчарот Тодоров во интервјуто за 1ТВ.

Бугарија Историја комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.