Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: 100 дена „со“ и „за“ граѓаните – правиме сериозен исчекор, создаваме слика на лидер во регионот

0
By Нова ТВ on December 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-И покрај пандемијата обезбедивме слободни и фер избори и дадовме можност уште еднаш граѓаните да ни дадат доверба, а ние да обезбедиме развој на државата, европска интеграција и справување со пандемијата. Изборите беа единствената оправдана одлука. Се покажа дека погрешни беа тврдењата дека изборите нема да бидат безбедни. Опозицијата всушност сакаше да не блокира во работата”, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција организирана по повод сто дена од новиот состав на неговиот кабинет.

-Гордо изговараме дека ние во овие 100 дена бевме тука „со“ и „за“ граѓаните, целосно посветени на грижа, одговорност и на сигурност. Се покажа дека одлуката за избори во време на пандемија е правилна, истакна Заев.

Имаме силни институции, рече Заев, благодарение на нашата посветеност, кои ефикасно работат за надминување на ковид кризата.

-Направиме реогранизација на институциите со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните, обезбедивме целосна посветеност на сите сектори за успешно надимување на пандемијата и проблемите кои ги носи таа со себе, изјави Заев.

Постојано се зголемува бројот на набавени тестови за брзо тестирање на населението, истакна Заев.

-Обезбедивме над 250 илјади плати за последниот квартал од годинава- потенцираше Заев.

Во првите 100 дена, рече Заев, потпишани се договори со стопански субјекти во износ од 56 милиони евра, и дополнителни 25 милиони евра.

-Поддржуваме и стопански субјекти кои во услови на пандемија почнаа инвестициски активности”, рече тој и нагласи дека главниот фокус на новиот буџет е инвестирање во здравство и образование.

Премиерот информираше за проектите од областа на енергијата, како и за новите инвестиции, од изградбата на приклучоци на гас преку Грција, кои ќе бидат од стратегиско значење и за целиот регион, па сѐ до замена на енергијата во одредени капацитети со еколошки горива.

Заев нагласи дека претстои борба за еколошки проекти со цел обезбедување на поздрава животна средина – од осоременување на јавниот сообраќај во Скопје, до започната процедура за Водно како заштитена средина. Исто така информира дека се зголемуваат глобите за загадувачите и се зголемува бројот на инспекциските служби.

Правиме сериозен исчекор, рече Заев, да создадеме слика за нашата земја како лидер во регионот, во однос на чистата енергија од обновливите извори на енергија.

-Во првите 100 дена од оваа Влада стигна и позитивниот Извештај на Европската Комисија, во кое се истакнува дека оваа извршна власт ја започна трансформацијата дека одиме по европски терк. Правдата станува еднакво достапна за сите, со намалени трошоци- рече Заев.

-Ред, правда, дисциплина, прочистување на судството, тоа беа нашите ветувања, но еве добивмеи позитивен извештај од Европската комисија. Предметите водени од СЈО продолжуваат пред судовите. Само Мицкоски беше против измените во Законот за јавното обвинителство, застанувајќи на браникот на криминалот”, рече Заев.

Премиерот рече дека Владата помага во изготвувањето на методологијата за прочистување во правосудството, со цел да се одвојат чесните од нечесните судии и обвинители.

Тој информираше дека можеби веќе денеска Законот за пописот ќе биде на дневен ред на Владата, оценувајќи дека Попис на населението ѝ е потребен на државата заради нејзиниот развој.

-Ние сме членка на НАТО, сега сме безбедни, заштитени од најсилната воена алијанса на светот. Придонесуваме активно за мир во регионот и светот. Во ЕУ ќе влеземе како држава и како Македонци кои зборуваат македонски јазик”, рече премиерот.

Македонија доби уште едно признание, нашата држава ќе претседава со ОБСЕ, нагласи Заев, оценувајќи дека земјата е излезена од долгогодишната изолација.

Во изминатите сто дена конечно се изгласа и Законот за заштита од дискриминацијата, но и дека е изготвен законски проект за недела како неработен ден.

Македонија, рече, има непроценливо културно наследство, заради негова заштита овојпат е определен најголем досега буџет.

Заев потенцираше дека Македонија нема ниту најмала вина за блокадата од Бугарија и нема да се откажеме од нашиот идентитет, јазик, култура, гарантирани и со европските документи.

-Штетата со бугарското вето е направена, но веруваме дека нема да има застој на нашиот пат, а Северна Македонија ќе продолжи да ги гради европските вредности дома. Ќе ги продолжиме и преговорите со Бугарија. Европа ја носиме дома. Ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ и ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги проведуваме европските стандарди дома и за нас нема друга алтернатива и нема откажување.Продолуваме како и во првите 100 дена за обезбедување на сигурност.,  рече Заев.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.