Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Амнестијата за политичкиот криминал е невозможна

0
By Нова ТВ on July 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу сме блиску до реализацијата на стратешките цели на Република Македонија – членството во ЕУ и НАТО, и нема да дозволиме процесот да го нарушат или да го доведат во ризик неодговорни ултиматуми. Остануваме посветени до крај да стигнеме до решенија кои ќе овозможат услови за фер референдум во интерес на граѓаните на нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев на  денешната средба со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.

– Законот е еднаков за сите, амнестијата за политичкиот криминал е невозможна и особено нема да попуштиме пред притисокот да отстапиме од владеењето на правото, рече Заев.

На средбата со Рот, истакна дека Република Македонија со датумот за преговори со ЕУ и со поканата за НАТО отвори ново поглавје во својата историја и, истовремено, отвори ново значајно поглавје и во историјата на Европа во период кога за ЕУ е од огромна важност единството на сите европски земји, соопшти владината прес-служба.

Заев се осврна на актуелната политичка ситуација во земјата со посебен акцент врз процесот на постигнување политичка согласност околу основните принципи и прашања поврзани со реализацијата на референдумот за договорот со Република Грција кој ги донесе пред успешна завршница евроатлантските аспирации на Република Македонија.

Претседателот на Владата ја нагласи исклучителната поддршка што во изминатиот период дојде од СР Германија и од канцеларката Меркел во трансформацијата на политичката криза во која беше западната Република Македонија, во период на сеопфатни реформски зафати кои кулминираа со признание за напредокот на земјата со датумот за преговори со ЕУ и со поканата за членство во НАТО.

Државниот министер надлежен за Европа Рот, нагласи дека Република Македонија и понатаму може да смета на целосна и силна поддршка од СР Германија. Тој потенцираше дека претстојниот референдум е момент за одлука за европската иднина за Македонија и дека одговорноста сега треба да ја преземат сите релевантни политички субјекти во земјата, вклучувајќи ја и опозицијата.

амнестија Заев Рот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.