Published: Thursday, September 19, 2013 13:17
Заев во изјава за НОВА ги орфрла обвинувањата изнесени во јавност од страна на ВМРО – ДПМНЕ за аферата семејни тендери на семејството Заеви.
По изјавата на првиот антикорупционер Ѓорги Сламков претпладнево дека Државната комисија за спречување на корупција отворила корупциски предмет за Заев, претседателот на СДСМ за НОВА вели:
„Антикорупциската е класичен орган на ВМРО-ДПМНЕ која вчера тоа го потврди ставајќи се во улога на потртпарол на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска“.
>>Сламков: Антикорупциска отвори предмет за Заев
– Ние самите ги повикавме институциите на системоит да го проверат случајот, вели Заев за НОВА.




