Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Апсењата не завршуваат со Шиповиќ

0
By Влатко Чаловски on October 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 14, 2013 14:52


Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземат контролата во Општина Центар. По неуспехот со изборна тортура, сега се во нов поход. Преку монтиран политички процес да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој вели, процесот против претседателот на Советот на општина Центар, е создаден поради тоа што ВМРО ДПМНЕ не може да ја поднесе храброста, единството и решеноста на советничката група предводена од СДСМ и градоначалникот на Општина Центар да ги откријат и објават документите за најголемиот грабеж на народни пари во историјата на Македонија.

Заев изрази сомнеж дека монструозниот план, за како што го нарече, за одмазда не завршува со Шиповиќ. Мора да страда и неговото семејство и блиските соработници.

СДСМ, вели Заев, апелира до судот да ја укине мерката притвор за Шиповиќ и неговите соработници, но да продолжи истрагата, бидејќи притворот претставува казна за Шиповиќ и неговото семејство.

Според Заев, фирмата „Машинопромет“ е предмет на судски спорови повеќе од 10 години, и дека Шиповиќ не можел да учествува во евентуални финансиски малверзации.

„Машинопромет“ не е причината за истрагата и изрекувањето на мерката притвор за Шиповиќ. Причината е намерата на власта да ја блокира работата на Општината. Да ја оневозможи Општина Центар во истрагата за криминалот поврзан со Скопје 2014, да ги поништи незаконски донесените урбанистички планови, да ја спречи реализацијата на сомнителните градби во Центар“, вели Заев.

Според него, во случајот Шиповиќ судот нема аргументи за изрекување мерка притвор. Тој напомена дека претседателот на Советот на општина Центар нема намера да избега од земјава.

– Работа на судот е да ја продолжи истрагата. Судот има на располагање механизми да обезбеди гаранција за присуство на осомничениот. Залог на имот, одземање на патната исправа, наложување на обвинетиот најмалку еднаш неделно да се појавува во судот…и ред други мерки, надополни претседателот на СДСМ.

Тој потенцираше дека СДСМ со сите демократски механизми ќе се спротивстави на агресијата на власта. Доколку мерката притвор за Шиповиќ не биде укината, ќе следува првична реакција:

СДСМ го стави во мирување учеството во работата на собраниската комисија за имплементирање на заклучоците од Комисијата за 24-ти Декември.

Градоначалниците на СДСМ ќе го стават во мирување своето членство и активности во ЗЕЛС.

Советниците на СДСМ во сите совети на општини во Македонија во знак на солидарност со колегите од Центар, нема да присуствуваат на првата наредна седница на Советот на нивната матична Општина, објасни Заев.

Тој го повика Премиерот и владејачката партија на разум, во спротивно, изјави Заев, тие ќе ја сносат целата одговорност за развојот на настаните и состојбите во државава, како и за нарушувањето на меѓународниот углед на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.