Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Бомбите нема да запрат додека злото не си замине

0
By Томе Христов on December 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 13, 2014 12:44

Се ближи Нова година, но овој пат нема да си посакаме здравје оти ни го зедоа, нема да си посакаме среќа оти ја нема веќе, насекаде гледаме само несреќни луѓе, нема да си посакаме повеќе пари, оти нема – се украдоа, за семејна кохезија нема да зборуваме оти не можеме да си го собереме семејството – сите бегаат надвор од државата. Овој пат под елката ќе си посакаме само една желба – заминување на Груевски од власт во 2015 година, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од синоќешната трибина во Струмица.

Лидерот на опозицијата го повика Груевски на дуел и му порача да дојде во Струмица, за како што вели да види како успешно се води општина.

„Го повикувам повторно на ТВ дуел, на Сител, на Канал 5, на МТВ, на сите заедно, да отвориме дебата, да разговараме за прашањата во Македонија, ако сака натпревар на идеи и проекти и за тоа ќе зборуваме. Истовремено можеме да му кажеме дека во Струмица, ќе му отвориме бесплатно училиште без екстерно, но ќе му дадеме и бесплатни лекции како успешно се води општина без ниту еден денар кредит, ќе му покажеме што значи гасификација, како се градат подземни улици и на крај да му покажеме што е слобода и демократија, што е дебата и како се води општество без закани и уцени, рече Заев.

Првиот човек на опозицијата потенцираше дека секогаш кога се случуваат тензии во државата, како протестот на студентите, аферата со фалсификуваните документи, Груевски е некаде надвор. Но Заев рече дека секогаш кога се случуваат крупни работи кои конвертираат со слобода, отпор, храброст, се случувале и некои други работи преку ноќ, како последниот случај со промената на грбот на државата.

„Знам само дека круната на грбот што претставува пет бедеми, со кулите што ги има на неа, ја симболизираат алката на злосторничкото здружување – партијата на власт, владата, судството, полицијата и медиумите. Тие пет зла ја донесоа денеска Македонија на оваа дереџе. Ама да знаете дека под тој бедем ќе ја поставиме бомбата“, истакна Заев.

Тој додаде дека народот секојдневно го прашува што се случува со бомбата. Пред присутните на трибината најави дека нема да има една туку повеќе бомби.

„Првата бомба ќе биде доволна да замине оваа власт, втората ќе биде појака од првата, за неколку дена ќе се случи и трета бомба, појака од втората, а за три четири дена ќе се случи четвртата појака од третата, и нема да застанеме додека злото не си замине, порача Заев.
На трибината се обратија и заменик претседателката Радмила Шекеринска, секретарот на партијата Оливер Спасовски и лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски.

Шекеринска потенцираше дека денеска во царството на лагите вистината била токму бомбата.

Секретарот на партијата Спасовски пак истакна дека бомбата и испреплетеното минско поле се кај Груевски, а само фитилот е кај Заев и затоа власта била толку многу исплашена, а лидерот на ЛДП, Жерновски, во своето обраќање рече дека Груевски додека ја чекал бомбата од Заев, бомба му се случила пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

После обраќањата на првите луѓе од опозицијата прашања поставуваа и присутните. Покрај преполната сала во Центарот за култура Антон Панов, трибината се следеше и преку видео бим во ходникот .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.