Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: “бомбите” се од луѓе во македонската тајна полиција

0
By Нова ТВ on February 5, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 5, 2015 18:02

Централниот одбор ќе се оддржи во петок, на 6-ти февруари и на тој Централен одбор ќе се донесат одлуките, вели во интервју за БИРН лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Зоран Заев

Ова не е лична битка на поединци од опозицијата наспроти поединци од власта.

Ова според нас е битка за враќање на слободата и демократијата во Република Македонија. Враќање на европските вредности.

Битка којашто мора да биде донесена со одлуки на органи и тела на партијата за да ја испрати пораката ова што и се случува на земјата, никогаш повеќе да не се повтори.

Посегна по многу непринципиелни неуставни и незаконити чекори коишто се препознаени и од домашната и од меѓународната јавност, коишто не може да немаат последици по нашата земја, но врз него дека ќе има последици секако ќе има, политички последици. Заради тоа сум плус убеден дека секој одминат ден навлегува во се поголеми глупости и тоа ќе придонесе кон неговото побрзо заминување, вели во интервјуто за БИРН, Зоран Заев.

Една од причините зошто толку се тактизираше е безбедноста на луѓето кои се охрабриле и одважиле повеќе да не го трпат тоа што се случува во Македонија и направиле храбар чекор“, вели Заев во интервју за БИРН.

„Ми тежи што невини луѓе се во притвор. Ме боли, ме кине. Но, тоа истовремено ми дава дополнителна сила за уште посериозен, повнимателен и порешителен пристап. На крајот на денот, тој што тоа го правел тоа треба да се чувствува виновен и да е загрижен. Јас сум овде поштарот. Луѓето најверојатно ќе ги предале овие материјали во Јавното обвинителство ако верувале во него“, вели тој.

Тој не сака да открие за колку лица станува збор, ниту пак, што точно содржат материјалите што ги поседуваат. Тврди дека лицата што му ги дале информациите работат во македонските тајни служби, што го прави целиот случај многу почувствителен.

Нему му е тешко да го предвиди епилогот од она што допрво ќе следува, бидејќи, како што вели, не верува во институциите на системот.

„Од системот не очекуваме правна разрешница, бидејќи се обидовме неколку пати, со Македонска банка, Актор, становите на власта итн. Некои пријави веднаш беа отфрлени, а за некои воопшто немаме одговор“, вели Заев.

Она што најмногу го загрижува при објавувањето на доказите што ги поседува е што ќе се случи понатаму со лицата што им ги дале информациите, за кои Заев е дециден дека не потекнуваат од странски служби.

„Мене и на секој од раководството на партијата може сешто да ни се случи. Но, не можете да спиете ако знаете дека некој човек може да изгуби живот или слобода, само затоа што се охрабрил да помогне. Затоа сакам да испратам порака – се надевам дека ништо нема да им фали на тие луѓе. Тоа не би можел да си го простам, ако настрадаат луѓе само затоа што споделиле некое зло што се случува во нивната и нашата татковина.“

„Дали сега тие луѓе се безбедни?“, прашуваме, а тој кратко одговара: „Mислам дека тој процес го заокруживме. Тоа беше најважно“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.