Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Чекам објаснување од Бугарија зошто немаше претставник на Преспа Форумот

0
By Sashko on July 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клучната порака од Преспа Форумот за дијалог е дека ние сме почитувани од целиот свет, вели премиерот Зоран Заев, кој верува дека ќе има достоинствено објаснување зошто на дводневниот настан немаше претставник од Бугарија.

Преку Преспа форумот за дијалог, посочи Заев во интервју за ТВ 21, се испратија многу пораки. Првата е дека Северна Македонија претставува извозник на демократски вредности, на европски вредности, доказ дека низ договорите од минатото, вклучително и Преспанскиот договор и Договорот за пријателство и добрососедство покажуваме како јакне стабилноста на Балканот, развојот на меѓусебните пријателства и односи, економската соработка и европската интеграција, посочи Заев.

Втората важна порака, дополни, е дека сме почитувани од целиот демократски свет.

– Дојдоа највисоките претставници на Стејт Департменот САД директно задолжени за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер, помошникот државен секретар во Стејт департменот задолжен за Европа и Евроазија, заменик секретарот Метју Палмер беа тука, но беа и големи лидери од Европа, директно дел од нив како претседателот Пахор“, рече Заев.

Прашан како го толкува неучеството на форумот на претставници на Бугарија рече дека немаат одговор и оти тоа не е добра порака. И покрај горчината поради недавањето зелено светло за преговорите за членство во ЕУ од страна на соседната држава, како што порача, и двете страни имаат обврска да го градат и негуваат пријателството.

– Покани испративме уште кога почна организацијата за Самитот. Тогаш премиер сè уште беше Бојко Борисов, па дојде нов премиер, времениот или техничкиот премиер господинот Стефан Јанев. Уште еднаш испративме и до претседателот како што е редот – до сите. Имавме најави дека ќе има претставници овде, но за жал не дојдоа. Ќе ги видиме причините, ние немаме одговор. Сигурно после тоа ќе видиме кои се причините, но не е добра порака. Во најмала рака можеби е кабаетлук, не знам, се надевам дека е, затоа што ние сме пријатели. Иако има горчина, иако има пораки коишто не разделуваат со ова недавање зелено светло од страна на првиот наш источен сосед Република Бугарија, верувам дека пријателството понатаму мора да се гради помеѓу двете страни и двете страни имаат обврска тоа пријателстсво да го негуваат. Така што верувам дека не е лоша намерата, односно ќе имаат достоинствено објаснување зошто немаше претставник од Бугарија, рече Заев.

„Преспа Форум“ Бугарија Зоран Заев Македонија Претставник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.